Првиот виртуелен саем за практикантство во Македонија. Приклучи се и ти!
Ако сте студент или дипломец тогаш имате одлична можност да пронајдете компанија за пракса. Доколку пак сте компанија тогаш имате можност да пронајдете ваш иден вработен.
Howitzer е првата маркетинг алатка за Reddit заснована на директен маркетинг на прецизно таргетирана Reddit публика. Howitzer ти помага да ги најдеш своите идеални клиенти и да започнеш значајни конверзации со секој од нив.
Либерти Скопје е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот. За пазарот нудиме ладновалани котури и табли, поцинкувани котури и табли и пластифицирани котури, главно за градежната и општата индустрија.
Центарот за кариера, алумни и доживотно учење е неразделен дел од современото образование и е еден од основните стимули за надминување на бариерите во комуникацијата помеѓу деловниот свет, универзитетската средина и студентите.
ГрабИТ е ИТ компанија која постои од 2007 година и има канцеларии во Прилеп, Скопје и Љубљана и речиси 40 вработени. Компанијата има мешан бизнис модел, работи на развој на сопствени производи, но и соработува со големи интернационални партнерски компании за развој на нивни софтверски производи.
Создаваме интелигентни ИКТ решенија кои ги автоматизираат процесите на компаниите, го менуваме нивниот начин на работа и им помагаме да преминат од хартија кон дигитално работење, со што придонесуваме кон заштита на животната средина.
42Dynamics е амбициозна компанија формирана од професионалци со исклучително големо знаење и искуство во имплементации на ЕРП системот Microsoft Dynamics 365 Finance and Operations.
Axapta Masters is Gold Microsoft Partner with the experience and knowledge to provide an upgrade in business processes and technology, by applying practical cloud solutions to attain the best possible results.
MECOMS is a Ferranti company and is the result of more than 45 years of experience in the utility industry with offices and a network of certified partners across the globe.
As a vertical solution provider, MECOMS deliver its MECOMS 365 platform to energy and utility companies.
Компанијата за обука, тренинг и консалтинг Талент Бизнис Инкубатор „Step-up“ се состои од искусни професионалци од областа на управување со развој на луѓе, млади таленти и управување со човечки ресурси.
Компанија | 16 мај | 17 мај | 18 мај |
---|---|---|---|
GrabIT | 13:30-14:30 | 13:00-16:00 | 13:00-16:00 |
Axapta Masters | 13:30-15:30 | 13:30-15:30 | 13:30-15:30 |
Nextsense | / | / | 12:00-14:00 |
Mecoms | 09:00-14:00 | 09:00-14:00 | 09:00-14:00 |
42Dynamics | 12:00-13:00, 15:00-16:00 | 12:00-13:00, 15:00-16:00 | 12:00-13:00, 15:00-16:00 |
Liberty | 10:00-15:00 | 10:00-15:00 | 10:00-15:00 |
StepUp | 11:00-12:00 | 11:00-12:00 | 11:00-12:00 |
Можност за интеракција и комуникација помеѓу присутните на саемот. Размена на мислења и идеи.
Можност за поврзување на студентите, дипломците и работобарателите со компаниите за пракса и работа.
На самиот Виртуелен саем за пракса очекуваме голем број на посетители.
Можности за пракса и вработување во повеќе различни компании.
Ви овозможуваме виртуелно место за вашата компанија кое ќе го посетат учесниците на саемот и ќе се запознаат со вас. Сите релевантни информации за компанијата ќе стојат на ова место.
Објавување на огласите за пракса и работа во вашата компанија. Учесниците ќе можат да аплицираат директно на вашите огласи за некоја од отворените позиции.
Пристап до база од регистрирани кандидати кои имаат креирано профил со свое CV и релевантни информации за нив.
Овозможување на интеракција и комуникација помеѓу компанијата и учесниците во реално време за времетраење на саемот.
За време на виртуелниот саем за практиканство ќе се одржат повеќе панел дискусии и вебинари. На компаниите ќе им се овозможи да се претстават пред потенцијалните кандидати и да споделат повеќе информации за нив.
Пристап до база со кандидати и по завршување на саемот. Поставување на логото на почетна страна на настанот. Зголемена посетеност на вашиот компаниски штанд и огласите.
Виртуелниот саем за практикантство ви претставува одлична можност за поврзување со потенцијални кандидати за пракса во вашата компанија. Најдоброто време да се засади дрво беше пред 20 години, а најдоброто наредно време е денес, инвестирајте во вашите идни вработени.
На Виртуелниот саем за пракса се планираат голем број на панел дискусии кои имаат за цел да ги доближат студентите и дипломците со компаниите, да се отворат интересни тема, да се разменат идеи, искуства и мислења.
На оваа работилница ќе дознаете нешто повеќе околу најупотребуваните маркетинг алатки при барање на работа како, градење на личен бренд, CV, и мотивациско писмо. Ве очекуваме.
Сте аплицирале во некоја компанија, го погледнале вашето CV и ве повикале на интервју. Сега е моментот да се подготвите за истото. На оваа работилница ќе дознаете повеќе околу самото интервју, како да се подготвите и како успешно да го завршите со цел да ја добиете позицијата за која сте аплицирале.
Сме слушнале за многу луѓе кои работат freelancing и заработуваат работејќи за странски компании од дома. Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за freelancing и како да започнете кариера како freelancer ве повикуваме да се приклучете на оваа панел дискусија.
За развојот на вашата кариера е важен и развојот на вашата личност. Емоционалната интелигенција е еднакво важна со когнитивната интелигенција. Разбирање на сопствените емоции и правење на дисктнкција помеѓу нашите и туѓите емоции е важно во деловното работење. Ве повикуваме да се приклучете на оваа панел дискусија и да дознаете нешто повеќе за емоционалната интелигенција.
Дигиталниот маркетинг е една од најбрзо растечките Дигитални професии во светот. Доколку се размислувате да започнете кариера во областа на Дигиталниот маркетинг ве повикуваме да ни се приклучите на оваа панел дискусија.
Ќе разговараме за тоа што треба да знаеш пред за започнеш кариера како програмер. Ќе го споделиме нашето лично искуство и совети како да го трасираш патот во ИТ индустријата.
Дали сте размислувале дека претприемништвото може да биде вашиот кариерен избор? Доколку сакате да дознаете повеќе како можете да ги претворите проблемите во стартап компанија, тогаш приклучете се на оваа панел дискусија.
На оваа панел дискусија ќе разговараме за решавање на предизвиците со кои се соочуваат младите при барање на работа и зголемување на нивната вработливост. Ќе дознаете за некои активни мерки и иницијативи кои можете да ги искористите со цел да се стекнете со поголемо знаење и искуство кое ќе ви ги зголеми шансите да си пронајдете работа.
Инфлуенсингот е една од најпопуларните професии во светот. Но, како да започнеш и да ја лансираш твојата кариера во таа област ќе дознаеш од нашиот панелист кој веќе успешно работи на тоа поле.
Крај на саемот, можност за споделување на импресии, мислења и насоки за делување после саемот. Можност да се разговара што се следните чекори и како да се подобри практикантството во Македонија.
+389 75 321 496
contact@bintern.com